Скопје Мериот поставува повисоки стандарди во организацијата на деловни состаноци и конференции
Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2016 11:47
Скопје Мериот нуди нов концепт за одржување состаноци или било каков друг тип настани. Затоа што секој настан, состанок или конференција има своја цел, овој хотел разви нова алатка, Мeetings Imagined за интерактивно креирање совршен и соодветно прилагоден простор, со додадена вредност на услугата и пропратните елементи како што се паузите и освежувањето. Платформата е создадена со цел да понуди решение, знаење и професионалност, да инспирира, но и да соработува и поттикнува во изнаоѓање најдобро решение. На meetingsimagined.com може да се најдат идеи, трендови и слики за создавање собири со креиран поголем ефект.
Иако целиот концепт на конференцискиот, односно семинарскиот туризам на Мериот е изграден врз ексклузивност и уникатност, сепак Мериот нуди и дополнителни поволности како што е принципот на наградување при одржување состаноци, конференции, свадби или други настани.
Клиентите кои организираат настани, имаат можност истите да ги претворат во награди со Marriott Rewards, да освојат до 50.000 поени по квалификуван настан и да одберат повеќе од 250 начини како да ги искористат своите поени.
Секако дека наградите се вредни сами по себе, но вистинската вредност за еден клиент е услугата што ја добива. Токму врз овој постулат, во Скопје Мериот хотелот е достапна и Red Coat Direct апликацијата преку која се олеснува комуникацијата со одделот за организација на настани. Red Coat е единствената апликација во хотелската индустрија наменета за семинарски услуги и придонесува за полесно и побрзо организирање беспрекорни настани.
Комбинирано со можностите на платформата meetingsimagined.com, Red Coat Direct апликацијата и услужливоста на персоналот, Скопје Мериот поставува повисоки стандарди во организацијата на деловни состаноци и конференции.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?






