19 Декември, 2025
0.0556

Скопје најстудено, а Лазарополе со половина метар снег

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2017 10:00

Добивај вести на Viber

Мало затоплување на времето имаме денеска во Македонија. 

Во земјава најмногу снег има во Лазарополе, 49 сантиметри, 31 сантиметар има во Пожаране, 25 во Тополчани и во Битола, 24 во Ѓуриште, 23 во Тетово, 18 во Крушево. 

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најниска температура во 8 часот е измерена во Скопје, -12 степени, по што следат Струмица со -9, -8 во Скопје Петровец, -5 Тетово, -3  Пожаране, -2 Ѓуриште, Куманово, Лазарополе и Прилеп, -1 Берово и Крива Паланка, нула степени во Битола и Крушево,….

Претпладне во западните и северните делови од Македонија ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег, а на пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата ќе се движи од 0 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен претежно североисточен ветер. Преку денот ќе има услови за појава на слаб дожд, а на повисоките делови понекаде и слаб снег. Температурата ќе биде до 4 степени.

На планините снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 сантиметри. На пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд. Утре ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината