18 Декември, 2025
0.0594

Скопје од денес без дел од јавниот превоз?

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 07:05

Добивај вести на Viber

Ако приватните превозници денес до 9 часот не добијат поголема сума од онаа за која тврдат дека им се должи за да можат да функционираат, најавуваат дека ќе се повлечат целосно од сообраќај. 

Засега нема никаква најава од ЈСП дека ќе се надмине проблемот. Приватниците се жалат дека немаат повеќе средства да си ја вршат работата, која ја вршеле и кога како што велат, ЈСП не можело поради недостатокот на нафта.

-По 10 часот целосно се повлекуваат сите автобуси. Апелираме што побргу да се надмине проблемот, да ни се уплатат средствата, како што знаете веќе ЈСП кога остана без нафта беа принудени да се повлечат, а нашите автобуси останаа и возеа. И покрај големиот долг и преголемиот број на патници, не ги оставивме патниците и возевме, така да ова веќе е неиздржилво,изјави Јовица Зафировски, претставникот на приватните превозници.

Зафировски вчера додаде дека во петокот по расправијата со директорот на ЈСП им биле исплатени по 500.000 денари кои според нив се премалку. Најавија дека на јавноста ќе и достават финансова картичка која тврди дека покажува дека вкупниот долг кон нив е 170 милиони денари.

-Веднаш по таа расправија уплатил по 500.000 денари, но тоа не задоволува, тоа е премалку, од висината што треба да ни се уплати, инаку во текот на утрешниот ден, ние ќе ви доставиме финансова картичка од сите пакети и дека долгот е толку и дека ние не манипулираме со бројки, манипулираше директорот на ЈСП. На пакет еден 35 милиони денари доспеан долг, а вкупниот долг е над 70 милиони денари. Вкупниот долг кон сите 3 пакети е 170 милиони а доспеан долг е 90 милиони денари,-додаде Зафировски.



Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија