СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска се сретна со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и потенцира дека институциите не треба да се партизираат.
„Искуството од минатото ни покажа дека е ризично да се има гломазна, безбедносна партизирана институција која може да се злоупотреби и затоа како претседателка, треба итно да интервенирате“, изјавил Филипче.
Тој на средбата ја пренел загриженоста за ризикот од партизацијата во безбедносните структури, особено од најавите на премиерот Христијан Мицкоски за спојување на двете безбедносни агенции – Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Побарал поголем ангажман бидејќи дел до безбедносните служби се во нејзина надлежност.
„Сметаме дека ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, а се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале такво лошо искуство во минатото дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби“, рече Филипче.
Од друга страна пак, премиерот Христијан Мицкоски неодамна смета дека спојувањето на АНБ и АР е потребна реформа, и дека за неа разговарал со претседателката.
„Не, затоа што некој има лична фрустрација, па ќе спојува институции, туку затоа што тоа го направиле во најголемиот дел од нашите сојузници во НАТО. Кога Владата ги подготвува законите, и реформите ги подготвува во рамки на институциите. Кога ќе имаме работна верзија, ќе ја презентираме пред јавноста“, рече Мицкоски.
Инаку од неодамна за прв човек на АНБ, поставен е, Бојан Христовски. Според СДСМ со назначувањето на христовски за директор на АНБ, власта прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност.
„Со поставувањето на лице кое до 2023-та година беше претседател на градскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, оваа партија директно го прекрши член 10 од законот за АНБ“, велат од СДСМ.
Денешната средба во вилата Водно се случи по барање на шефот на опозициската партија.
фото Кабинет на претседател
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.