16 Јануари, 2025
0.0606

СКОПЈЕ ПРОБЛЕМ: Ништо од трамвајот, нема пари за подземна сообраќајница, ниту за ски патека на Водно!

Објавено во: Македонија 14 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Се пролонгираат трамвајот, подземната сообраќајница, ски-патеката на Водно, Луна паркот, но не и Панорамското тркало Пропадна и последниот оглас за јавно-приватно партнерство за изградба на трамвајски систем. Ниту една од компаниите кои подигнале тендерска документација не доставиле до Градот Скопје понуда. Крајниот рок за поднесување понуди беше 28-ми јануари годинава. Поради тоа Градот Скопје предлага поништување на Одлуката за започнување на договор за јавно приватно партнерство. -Постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство беше спроведена по пат на отворена постапка со објавување на оглас бр.005/2013 со краен рок на доставување на понудите на 28.01.2015 година. Во текот на постапката тринаесет компании подигнаа тендерска документација. Со оглед на тоа дека во рокот дефиниран во огласот не беше доставена ниту една понуда му се предлага на Советот на Град Скопје, да ја донесе Одлуката за поништување на Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партерство за проектирање, изградба финансирање, стопанисување и трансфер на лесен шински транзит систем (трамвајски систем) за превоз на патници во град Скопје, стои во образложението од Градот Скопје. Засега не е познато кои се компаниите кои подигнале тендерска документација, ниту пак дали и кога повторно ќе се распише нов тендер за долгонајавуваниот скопски трамвај. Секоја година во градскиот буџет се одвојуваат пари за трамвајот Досега пропаднаа неколку тендер за јавно-приватно партенесртво за изградба на трамвајски систем. И после толку неуспешни обиди не постои анализа на што се должи незаинтересираноста на компаниите за овој проект. Досега не е направен ниту промена на уловите во јавните огласи, освен што се промени насловот на огласот во кој зборовите  трамвајски систем се заменија со зборовите лесен шински систем.  Според условите во претходниот тендер во инвестицијата со по 50 % требаше да учествуваат Градот Скопје и Владата. Должноста на концесионерот беше  да изгради трамвајска линија со должина од 24 км, трамвајски станици, депоа, набавка на најмалку 22 трамвајски возила и стопанисување (вршење јавен превоз на патници) и да ја одржува трамвајската линија. Според условите беше предвидено концесионерот да стопанисува со трамвајскиот систем  35 години, а по истекот на овој период, приватниот партнер предметот на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство со сите додатоци и подобрувања да го предаде во владение на Градот Скопје, кој понатаму ќе продолжи да ја врши дејноста превоз на патници. Но и покрај неколкуте пропаднати тендери за јавно-приватно партнерство, градските власти во сeкој буџет одвојуваат одредена сума на пари за овој проект. Така лани за за трамвајскиот систем беа планирани 83.000 евра. Според Програмата за Развој 2015-2017 година, годинава за изградба на трамвај и инвестиции во јавниот градски превоз се планирани 1.382.113 евра, следната 2016-та година планираната сума е зголемна на 2.796.747 евра, а најмногу пари за трамвајот е планирано да се одвојат во 2017-та година над 13,2 милиони евра. -Целта на оваа потпрограма е воведување трамвајски јавен превоз на подрачјето на Град Скопје. Општи цели кои треба да се постигнат со воведување на трамвајскиот систем е промоција на економскиот и општествениот развој на Град Скопје, како и подобрувањето на климата за инвестиции во секторот транспорт.  Посебна цел e зголемување на ефикасноста на јавениот превоз на патници, преку надградувањето на автобускиот превоз со трамвајски превоз кој нуди поголема брзина во услугата, поголема сигурност и поголема удобност, како и заштита на животната средина преку  промовирање на употребата на енергетски ефикасни возила и возила со помали нивоа на загадување. Во оваа програма се предвидува и имплементација на систем за интелигентна наплата на карти за јавен превоз, како и завршување со поставување настрешници за автобуските стојалишта со што ќе се подобрат условите на граѓаните кои го користат јавниот превоз, се почува во Прогрмата за Развој 2015-2017 година. Вредноста за целиот период на договорот за лесен шински превоз односно трамвајски систем беше проценета на 243 милиони евра. Трамвајот наречен желба Проектот за изградба на трамвајски систем беше еден од клучните адути на градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на последните локални избори. Но не само на Трајановски, желба за трамвај имаше и неговиот претходник Трифун Костовски. Во обид полесно да најде концесионер Градот најми и консултантска куќа за изработка на проектот, па потоа да распишат меѓународен тендер. Унгарската компанија “Vialto Consulting” е консултанстската куќа, со која Градот потпиша договор во вредност од 95.000 евра, за реализација на постпката за доделување на договор за јавнот приватно партнерство за лесен шински систем. Според договорот унгарскиот консултант требаше да најде соодветен концесионер за скопскиот трамвај. Се пролонгираат трамвајот, подземната сообраќајница, ски-патеката на Водно, Луна паркот, но не и Панорамското тркало Проектот Трамвај, Панорамско тркало, подземна сообраќајница и ски-патеката на Водно, беа дел од покрупните најавувани проекти на градксите власти. Но освен проектот за трамвајски систем, пропадна и долгонајавуваната изградба на подземна сообраќајница. Но се испостави дека проектот е прескап. Изградбата на подземната сообраќајница се оддложи со образложение дека на двата тендери компаниите што се заинтересирале за изведба на проектот понудиле многу високи суми. Градоначалникот на Скопје лани изјави дека проектот се оддложува и дека не се откажува од решавањето на сообраќајниот метеж во центарот на градот, за што ќе се бараат други сообраќајни репенија. Според плановите, беше предвидено оваа сообраќајница да претставува подземно поврзување од мостот „Гоце Делчев“ до Народна банка, со што требаше да се растовари сообраќајот низ централното градско подрачје. Во изминативе години Градот потроши околу 220.000 евра за исто така долгонајавуваниот проект ски-патека на планината Водно. Прво беа потрошени 165.000 евра за консултантот австрискиот конзорциум "Суфаг спорт унд фреизеитанлафен и векон инт", кој го изработи проектот, а потоа и 65.000 евра за испитување на подземните води.Според проектот, на Водно треба да се градат четири ски-патеки, со вкупна должина од 3.850 метри, и три ски-лифтови, со вкупна должина од 1.350 метри, и два подвижни тепиха, со вкупна должина од 160 метри. Концесионерот треба да изгради и придружни содржини, и тоа ресторан од 200 квадратни метри, административна зграда со ски-рента и ски-школа, гаража за ратрак, моторни санки, систем за вештачки снег, пумпна станица за системот за технички снег и акумулација за вода.По неспешните обиди на Градот, проектот го превзема државата компанија ЕЛЕМ, која лани најави дека проектно-техничката документација, ќе биде готова кон почетокот на годинава,а потоа ќе се распишува тендер за избор на фирма која ќе ги гради. Неуспешни беа и тендерите за изградба на нов Забавен парк по теркот на Дизниленд. Panoramsko trkalo Massabni viz0102 Но затоа постапките за изградбата на Панорамското тркало на реката Вардар течеа според зацртаните планови. Градот Скопје реализацијата на проектот му ја додели на ЈСП Скопје. Објектот го гради компанијата Бетон. На терен веќе е во тек изградбата на Тркалото кое предизвика бурни реакции во јавноста, поради невојатните 15,55 милиони евра што ќе се потрошат за реализацијата на овој проект. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села