05 Декември, 2025
0.0347

Скопската вода меѓу најчистите во Европа

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2013 12:31

Добивај вести на Viber

По Виена, Скопје има најчиста вода за пиење во Европа, ова денеска го изјави директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Стојан Србиноски кој тврди дека водата што се испорачува до домовите на скопјани е со највисок квалитет.

При посетата на Центарот за санитарна контрола што функционира во рамки на претпријатието, Србиноски, укажувајќи на техничките можности за анализа, истакна дека граѓаните не треба да се грижат за водата за пиење и во однос на количината и во однос на квалитетот во наредните најмалку 50 години.

- Покрај редовната контрола на водата за пиење, во Центарот се вршат и испитувања на отпадните води што се испуштаат во реката Вардар, посочи Србиноски.

Според директорката на Центарот Катерина Димовска, примероци за анализа на водата за пиење се земаат секој ден од вкупно 36 мерни точки. Во трите лаборатории со кои располага Центарот, за питки и за отпадни води, како и за микробиолошки испитувања, се спроведуваат и периодични анализи на 21 мерно место во околината на Скопје, селата, изворите Лепенец и Нерези, а се следи и емисијата на комуналните и индустриските отпадни води.

- Ако кој било граѓанин смета дека има проблем со водата за пиење, во секој момент може да ги алармира дежурните служби кои веднаш излегуваат на терен и земаат мостра за анализа на евентуалната загаденост, напомена Димовска.

Одговорајќи на новинарски прашања, директорот Србиноски рече дека наплатата на водата е солидна, но може да биде подобра. Случаите на крадење, согласно најновите законски измени, веќе се третираат како кривично дело па претпријатието може да покрене тужба.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје