„СКОПСКАТА ЗООЛОШКА Е ЕДНА ХОРОР ПРИКАЗНА“: Кирков тврди дека починале две лами
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2025 11:15
Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години , ја нареков куќата на стравот со цел да некоја "умна" глава превземе нешто за ова што и се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставувајки ги своите "професионални" кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности!, објави советникот во Град Скопје, Стефан Кирков на фејсбук.
„Пред 4 или 5 дена починале две Лами за кој неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберколоза а пред само нешто повеќе од 1 месец исто така починаа две Лами за кој се знаело наводно дека боледуваат од истата болест туберкулоза!
Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос, од страна на директорот во сенка Стаменов и другиот на хартија Попов е наредено на вработените за смртта на овие Лами да се сокрие и да не се објави, до таму идат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ тие тоа не го прават за што АХВ дознаа утрово од мене.
Неколку дена претходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на Ламите без никаква хтз или заштитна опрема за што истите реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберколоза и симптомите биле видливи, додека пак овие животни не биле дислоцирани во изолација и под ризик биле изложени сите посетители ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболенито животно.
За ова како и за се претходно што се случува во Скопје Зоо некој мора да поднесе одговорност и да одговара!
Данела Арсовска што уште ќе му направиш на Скопје ?
Ги охрабрувам сите новинари , друштва за заштита на животни да го испитаат ова и да ги побараат одговорите и одговорноста од таму кај што треба, јас како Советник во Град Скопје како и секогаш истото ке го направам!“,напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




