Скоро 75.000 луѓе во Македонија се изборија со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Јануари, 2021
Скоро 75.000 луѓе во Македонија се изборија со коронавирусот, откако почна епидемијата.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463, а бројката на оздравени пациенти е 74.800. Починати се 2.739 луѓе, а бројот на активни случаи е 11.924. Скопје има 7.027 активни случаи на коронавирусот.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4, Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.