05 Декември, 2025
0.0581

СЛАБ ЕСАП: Катните гаражи се добри, ама не се исплатливи!

Објавено во: Анализа 19 Октомври, 2012 11:52

Добивај вести на Viber

Вкупно пет милиони евра должи општината Центар на банките, за кредити за изградба на двете катни гаражи кај Судска палата и Нова Македонија, но неисплатливоста на објектите ја усложнува финансиската состојба на општината. Иако идејата на општинарите беше кредитите да се враќаат, дел со продажбата на деловните простории,  дел од  продадените карти за паркинг, овој план речиси и да не успеја со катната гаржа кај Судска палата, за која што општината се задолжи со банкарски кредит од 2,5 милиони евра. Деловните простории зафaќаат 15 отсто од гаражата и досега се покажаа како неатрактивни. На првите два огласа само мал дел од просториите се продадоа. Третиот оглас за продажба се поништи, бидејќи имало катастерски проблеми во некои од документите. Некои од советниците уште на првиот оглас коментираа дека нема да успее продажбата поради нестручниот градежен проект за изградба на гаражата. Гаражата е со капацитет од 500 паркинг места и треба да биде готова овој месец. Нејзината фасада е во неокласицистички стил, односно во склоп на проектот Скопје 2014. На истиот принцип, општината планира да го враќа и кредитот од 3 милиони евра земен за изградба на новата катна гаража кај  „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. И оваа гаража како и онаа кај Судска палата ќе биде со барокна фасада. Деновиве Центар распиша јавен оглас за избор на изведувач . Га­ра­жа­та е пред­ви­де­но да се из­гра­ди на по­вр­ши­на од 7.190 ква­драт­ни ме­три, од кои 6.112 ква­драт­ни ме­три ќе би­дат на­ме­не­ти за пар­ки­ра­ње, а 1.078 за де­ло­вен про­стор. Допрва ќе се види дали деловните простории во оваа гаража ќе бидат попривлечни за разлика од тие кај Судска палата. И покрај неможноста за продажба на комерцијалниот дел од гаражите, од Центар најавуваат дека и понатаму ќе инвестирале во објекти кои го решаваат проблемот со паркирање во главниот град.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?