Слаб напредок со Грција, ќе направиме нов предлог, објави Јункер пред Ципрас
Објавено во: Балкан 13 Март, 2015 11:23
Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер изјави пред разговорите со грчкиот премиер во Брисел дека е постигнат незначителен напредок за договор меѓу Атина и меѓународните кредитори, соопштуваат „Ројтерс“ и „Франс прес“.
Тој истакна дека ќе направи нови „предлог“ пред Алексис Ципрас, кои ќе помогнат за надминување на разликите.
Истакнувајќи дека секој договор зависи од другите влади во еврозоната, Јункер изјавил: „Не сум задоволен од развојот во последниве недели. Не верувам дека сме постигнале значаен напредок“.
Јункер, во присуство на грчкиот премиер Ципрас, изјавил пред новинарите дека е „оптимист“. „Целосно го исклучувам неуспехот. Не сакам неуспех. Сакам европејците да се обединети. Не е време за поделба. Сега е време да одиме заедно напред“, повика шефот на ЕК.
Според Јункер Ципрас е „проевропски настроен“.
Вчера Ципрас ја искористи посетата во седиштето на Организацијата за економска соработка и развој во Европа во Париз, за да ги увери меѓународните партнери дека земјата ќе ги исполни своите обврски.
„Нема место за грижи. Дури и при проблемите со исплатата на придонесите на долгот, Атина ќе го почитува договореното“, изјавил Ципрас .
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




