Слаб земјотрес близу Центар Жупа
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2020
Слаб земјотрес е регистриран попладнево близу Центар Жупа.
Земјотресот бил со јачина од 2.4 степени, со епицентар на 14 километри од Центар Жупа.
Во текот на денот имаше повеќе потреси во реонот на Маврово и Гостивар.
Поради земјотресите имаше и одрони на патот.
Во текот на денот имаше два земјотреси со јачина од 4.9 степени.