19 Декември, 2025
0.0493

Славчо Попоски најави дека циклон ќе ја зафати Македонија

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2023 15:33

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски најави дека циклон ќе ја зафати Македонија. 

Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и на серија на влажни воздушни бранови, до самиот крај на оваа седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално и повремено врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 70 л/м2), со што е можна појава на локални поплавувања.

„Особено во четврток локално ќе биде нестабило со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Локално овие процеси би можело да бидат застапени во форма на невреме. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час). На високите планини и тоа особено на северозапад ќе има врнежи од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка“, вели Попоски

Температурите овие денови насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.

Поради силниот ветер потребна е голема внимателност.

Големо заладување на времето и врнежи од снег и на пониските места (градови) се очекува за време на викендот. На планините тогаш снежната покривка ќе надминува 50 цм, а снежна покривка ќе се формира понекаде и во градовите.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните