Славчо Попоски најавува невреме и можни локални поплавувања
Објавено во: Македонија 26 Мај, 2022 17:00
Метеорологот Славчо Попоски најавува невреме и можни локални поплавувања.
Вели дека во следните часови во Македонија ќе има услови само за изолирана појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, од утре попладне па за време на викендот времето ќе биде особено нестабилно во најголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Локално процесите ќе бидат доста интензивни и застепени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд кој ќе услови поголемо количество на воден талог за многу кратко време (можност за локални поплавувања), силен ветер, силни и чести електричи празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и од поголем пречник. Температурите и тоа под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од Африка остануваат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека пад на истите за неколку степени ќе има во недела и тогаш температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени“, вели Попоски.
Со оглед на тоа дека понатаму атмосферата ќе биде многу нестабилна, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




