СЛАВЕСКИ: Jа прочитав „убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2024 15:32
Екс министерот Трајко Славески на X денеска ја искоментира веста дека медицина ќе може да се студира на Универзитетот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Во тој контекст напиша анегдота.
„Еден мој поранешен професор на Економски факултет - Скопје, по потекло од Струга и учесник во НОБ, сега одамна починат, кажуваше една анегдота за лекар во неговиот роден град, од периодот меѓу двете светски војни, со диплома од Виена.
Наводно, на што и да се пожалел пациент кај него, му препишувал аспирин. Човек му доаѓа позеленет во лицето, ќе го потчукнел по слабините и ќе го препорачал семоќниот лек.
Според професорот, тој да ти бил од оние Für den Balkan gut (добар за Балканот) лекари со дипломи од европските универзитети од тоа време.
Денес ја прочитав „убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари. Каде на друго место освен на далеку познатиот „универзитет на Рамиз Мерко”.
Дозволата за отворање „студии по медицина” на овој „универзитет” ја потпишал неговиот сопартиец и министер за образование и наука во заминување, господинот Јетон Шакири.
Значи, по отприлика сто години од т.н. Für den Balkan gut лекари, Струга во наредните неколку години треба да ги „изучи” сопствените медицинари. Практиката ќе покаже само за каде ќе бидат „добри”.
Во овој контекст, се потсетив на уште нешто. При еден мој престој на државниот универзитет Аризона, во САД, во 1997 година, од колегите професори на економскиот факултет разбрав дека сојузната држава Аризона нема сопствен медицински факултет, туку само еден колеџ на Универзитетот Аризона во јужниот град Тусон. Во тоа време Аризона имаше околу 5 милиони жители.
Денес Аризона има население од околу 7,5 милиони жители, што придонело да се зголеми побарувачката на студии по медицина.
За таа цел, по 2007 година се отворени уште два-три медицински факултети, заедно со тој од градот Тусон, кој во меѓувреме прерасна во медицински факултет.
Значи, со најновиот медицински факултет на струшкиот градоначалник од црната листа на САД, Македонија ќе ѝ парира на седум милионската Аризона во студиите по медицина.
Се разбира, во квантитет, а за квалитетот - Бог нека ни е на помош!“, пишува Славески.
Министерот за образование и наука во заминување Јетон Шаќири издал решение да му се дозволи на Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, да основа Факултет за здравствени науки.
Можеби ќе ве интересира
Дали кај младите во Македонија постои страв од брак?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maж во Чаир ја нападна Данела Арсовска, партиите го осудија инцидентот

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ СЕ ПИШМАНИ: Сепак нема да има музика на плоштадот

АПАСИЕВ ДО МИЦКОСКИ: До кога ќе слугуваш на битангите од „Вреди“?

ЈАКИМОВСКИ: Барам веднаш одговорност – од МВР, од обвинителството, од сите што молчат ко да не им е гајле!

ФАТЕН НА ЛИЦЕ-МЕСТО: Жител на Огњанци предизвикал пожар на депонија

(ВИДЕО) ДАНЕЛА ОБЈАВИ СНИМКА ОД ТЕПАЊЕТО ВО ЧАИР: Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК

ФИЛИПЧЕ: Молкот на Мицкоски за нападот врз Данела зборува погласно од зборовите

ТОШКОВСКИ: Арсовска не го потпишала полицискиот записник - станала и си отишла
