Славески откри колкава ќе биде инфлацијата годинава
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2025 16:26
Гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески, денеска изјави дека инфлацијата годинава ќе биде под 4 отсто.
Славески додаде дека се очекуваат значајни заштеди кај сите субјекти по стартот на вршењето плаќања и трансферот на средства преку Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).
„Очекуваме значајни заштеди за граѓаните и кај приватните бизниси, пред се за малите и средните претпријатија затоа што веќе видливи се првите знаци и поволности од значителното намалување на цената на трансакциите...На долг рок очекуваме многу повеќе да се користат официјалните канали за трансфер на пари за разлика од она што го имаме во моментот и заштедите да бидат уште поголеми“, рече гувернерот.
На собирот во Охрид беа разменети и првите искуства од користењето на СЕПА системот и првите трансакции спроведени во текот на овој месец, поточно од 7 октомври наваму.
Славески истакна дека засега не се воведени горни граници со кои би се утврдиле цените на наплата на услугите за самите трансакции од причина да се дозволи, како што рече, банките сами во меѓусебна конкуренција во оваа фаза да ги доведат цените на уште пониско ниво.
Славески потсети и на Меморандумот што пет држави од Западен Балкан го парафираа за воведување на ТИПС - системот за инстантни плаќања што се очекува да биде оперативен некаде од јули наредната година.
Гувернерот не очекува зголемена инфлација или недостиг на нафтени деривати во Македонија, поради дополнителните санкции воведени за енергенсите од Русија.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




