23 Ноември, 2024
0.0284

СЛАВЕВСКИ: Секоја институција во јавниот сектор одделно да направи кратење

Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Екс министерот за економија и професор, Трајко Славевски, смета дека предложените мерки на Владата поради кризата со епидемијата на коронавирусот треба да се преиспитаат со цел да се намали ударот врз граѓаните и стопанството. 

Вели дека тие се недоречени и конфузни.

Прашува колку претпријатија и вработени ќе ги задоволат поставените услови и критериуми за користење на мерката поддршка во износ на минималната плата.

Нашите процени се дека бројот на лица што ќе имаат можност да ја користат оваа мерка ќе биде многу мал. Нема да може да ја користат фимите и вработените во најпогодените сектори, каде што помошта на државата е најпотребна. Тоа се дејностите за сервисни услуги со храна и сместување (секторот уготителство и туризам), каде што, според последните податоци од Државниот завод за статистика, се ангажирани речиси 33.000 вработени. Кон ова треба да се придодадат големиот број вработени во трговијата, кои моментно не работат. Исто така, во мерките не видовме помош и поддршка на самовработените и за занаетчиите. Тие се соочуваат со големи проблеми и ставаат клуч на врата. Владата предлага поддршка на претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати почнувајќи од април, кои во џебовите на граѓаните треба да стигнат во текот на првата половина од мај, а економската криза предизвикана од ширењето на новиот коронавирус наголемо ја пустоши македонската економија. Во моментот десетици, ако не и стотици илјади граѓани, се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април затоа што илјадници компании престанаа со работа“, вели Славевски.

Нивниот  предлог е субвенциите за исплата на плати кај погодените сектори од кризата во висина од 50 отсто од бруто-платата или 70 до 80 отсто од нето-платата да се покриваат од државниот буџет уште со исплатата на мартовската плата. Велат дека роковите за исплата на платите за март веќе течат. 

„Денеска сме 1 април, а 15 април е крајниот законски рок. Препорачуваме да се направи итна прераспределба на средствата во државниот буџет. Повеќе средства за здравството, а помалку за непродуктивни трошења. Секоја институција во јавниот сектор одделно да направи кратење на непродуктивните средства по конта и тие јавно да ги објави со цел потврдување (или не) на искрените намери на оваа Влада во насока на заштеди во буџетот. Ова да го направат и акционерските друштва во целосна државна сопственост и јавните претпријатија на централно и локално ниво. Препорачуваме забрзување во извршување капитални проекти за кои е обезбедено финансирање, а со цел да се зголеми економската активност“, порача Славески.

Поради корона кризата приходите во буџетот годинава ќе паднат меѓу 20 и 40 отсто отсто, а тоа ќе доведе до дупка меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди евра, покрај првично планираниот дефицит од 300 милиони евра, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Премиерот Оливер Спасовски вечера го презентираше сетот мерки. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација