Славјанка Петровска: Може четворица патници во автомобил
Објавено во: Македонија 09 Април, 2020 12:39
Славјанка Петровска, заменик-министерката за внатрешни работи, денеска појасни дека во автомобил што не се користи за комерцијални цели може да се возат четворица возрасни, додека правилото најмногу до тројца важи за возило кое се користи за извршување на работни задачи, односно за теренски активности.
Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти вчера Петровска, на информативната видеосесија за ограничувањата на движењата на граѓаните, односно полицискиот час со цел спречување на ширењето на коронавирусот Петровска прецизираше дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.
Ова го пренесоа сите медиуми по што се создаде забуна за тоа дали во личните автомобили не смеат да се возат ниту четворица членови на едно семејство и дали тука се вбројуваат децата.
- Информирај се, не дезинформирај. Правила и прилагодувања во услови на полициски час. ЗАДОЛЖИТЕЛНО е носење на заштитни маски и ракавици доколку во возилото се возат повеќе од еден патник. Ова не се однесува за возач кој е сам во возилото. Во автомобил кој не е наменет за комерцијални цели, односно е семејно возило е дозволено да се возат до четворица возрасни патници или двајца возрасни и деца, доколку тие се од исто семејство. Ограничувањето за возач и двајца патници во возило се однесува за возила со кои приватни компании и трговски друштва извршуваат теренски активности или вршат достава, објави денеска Петровска
Дополнително, соопштува дека во комбе или друг тип на возило со поголем број на седишта, не смее да бидат пополнети сите седишта, односно бројот на патници не смее да биде повеќе од 60 отсто од капацитетот на возилото, кои ќе бидат сместени на соодветна оддалеченост
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




