Следната година луѓето веројатно ќе треба пак да се вакцинираат против коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Мај, 2021 17:45
Идната година веројатно ќе има нова вакцинација против коронавирусот.
Шефот на Постојаниот независен советодавен комитет на Германија за вакцини, Томас Мертенс вели дека е веројатно следната година сите да треба повторно да се вакцинираат. Мертенс изјави за групацијата весници Функе дека сè уште нема доволно податоци за да се каже точно кога ќе бидат потребни нови дози. Вели дека „вирусот нема да не напушти“ и затоа вакцинациите што се прават во моментов нема да бидат последни.
Според него, ќе треба да поминат неколку месеци за да види дали заштитата од вирусот ослабува во некои групи. Скоро 30,4 милиони луѓе во Германија, или 36,5 отсто од населението, примиле барем една доза вакцина. Повеќе од девет милиони, или 10,9 отсто од населението, се целосно вакцинирани. Mногу земји во светот кубурат со вакцини и имаат имунизирано мал процент од населението. Такви се Индија и Бразил, кои се најпогодени од вирусот.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите





