СЛЕДНАТА МЕРКА ЌЕ БИДЕ ПОЛИЦИЈА НА ИЗЛЕЗИТЕ НА ГРАДОВИТЕ: Новиот број на заразени премногу висок
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2020 12:15
Ако се потврди денешната бројка, која според неофицијални информации може да достигне и над 200, следната мерка што ќе биде воведена е полициски пунктови на излезите на градовите кои ќе се сметаат за жаришта на корона вирусот, велат извори на Фактор.
Воведување на ваков карантин, е целосно исправна работа и според епидемиологот Никола Оровчанец, кој за Фактор вели дека тоа е според сите правилници, како треба да се спроведе карантин.
Резултатите се уште се сумираат, наскоро, треба да бидат бидат официјално соопштени.
Инаку, најголемиот број на новозаразени повторно е од критичните општини.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




