СЛЕДНАТА НЕДЕЛА УШТЕ ПОТОПЛО: метеопрогнозерот Попоски најавува уште повисоки температури
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2024 12:33
На топлото лето му нема крај. Покрај високите температури кои деновиве ја зафатија Македонија, но и целиот регион, за следната недела според метеопрогнозерот Славчо Попоски, може да очекуваме уште потполи денови.
- Следната седмица и до 45 степени во делови од Македонија - напиша Попоски на Фејсбук.
Еве ја неговата објава:
Во меѓувреме, од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека „под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури“.
Управата за хидрометеоролошки работи вообичаено вади прогноза за следните три дена, и според најавите овие денови ќе биде екстремно топло. Температурите ќе надминуваат 40 степени.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




