Следниот чекор е целосен карантин, вели Филипче
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Октомври, 2020
Mинистерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува можноста за целосен или делумен карантин по општините или градовите доколку мерките не се почитуваат.
Тој се надева дека овој предложен пакет на рестриктивни мерки ќе имаат ефект.
„Следниот чекор е целосен карантин, или целосно затварање. Ние сме сега далеку од тоа сценарио, но тоа ќе биде следниот чекор. Ги ицрпуваме можностите, има и можност да се интервенира во јавниот превоз или во скратување на работното време во некои економски компании и угостителски објекти, но тоа се опции. Сакаме да го избегнеме тоа. Добро се димензионирани мерките ако се почитуваат, на тој начин ќе го избегнеме карантинот“, рече денеска Филипча.
За носењето маски на отворено, вели дека го следеле примерот од Италија.Од ден на ден бројот на инфицирани во Македонија расте.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.