19 Декември, 2025
0.1377

СЛЕДУВА МНОГУ ТОПЛА НЕДЕЛА: До петок и над 40 степени, потоа нагло паѓање на температурите

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2025 07:18

Добивај вести на Viber

Топло време со температури од над 30, на места и над 40 степени не очекува до петок, објави метеорологот Славчо Попоски.

Под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка, во периодот од понеделник (21 јули) па се до петок (25 јули) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.

„Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на многу места температурите ќе надминуваат и 35 степени, додека во Повардарието локално температурата ќе надмине  и 40 степени, односно таа ќе се искачи до околу 42/43 степени. И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период температурата ќе биде екстремно висока  и ќе надминува 40 степени.

И во Скопје и околината повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.

Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.

Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали, голем пад на температурите (за повеќе од 10 степени) засилен ветер од северен правец, но и локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи може да очекуваме во петок навечер и ноќта кон сабота (25 кон 26 јули)“, појаснува Попоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот