18 Декември, 2025
0.0444

СЛОБОДНО ПЛИВАЈТЕ ВО ЕЗЕРО, КОВИД НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ПРЕКУ ВОДА - но на плажа да не се доближувате до непознати

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои планираат да заминат на одмор на некое од нашите езера, или, пак, ако имаме среќа да не „пуштат“ и на море, не треба воопшто да се грижат доколку пливаат во езерската или во морската вода, бидејќи коронавирусот не може да се пренесе на таков начин. За капење и пливање се безбедни и базените во кои има хлор. 

Ова за Фактор го објаснува д-р. Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје Скопје.

„Водата не е медиум за пренос на коронавирусот. Односно, КОВИД-19 е капкова респираторна инфекција, која што се пренесува преку кивање, кашлање или дишење. Така што, овој вирус не се пренесува преку вода, но затоа може да се пренесе на брегот, значи на шанковите, на лежалките, каде што се собираат поголем број луѓе. Без разлика дали станува збор за море, за езеро или за базен, најголемиот ризик од пренос е надвор од водата, на самите плажи. Затоа, препораката е на плажата да се седи блиску само до семејството, a граѓаните да се држат подалеку од непознатите, да бидат на растојание од најмалку два метри“, објаснува д-р. Стојанов.

Овој стручњак за Фактор објаснува и дека коронавирусот не може да се пренесува и во базените, прво затоа што вирусот не се пренесува преку вода, а второ, затоа што во базените има хлор, што всушност е дезинфициенс. Сепак, многу е битно со другите капачи да се одржува растојание надвор од базенот.

„Кога пливате, на пример, во езеро, за да бидете под ризик да заболите, треба да се случи некој што е во ваша близина, да се доближи на растојание до вас помалку од 1,5 метри и да кивне или да се искашла накај вас. Затоа е подобро да се одржува таа социјална дистанца и кога пливате. Исто така, граѓаните не треба да стравуваат дека доколку случајно се напијат од морската или од езерската вода, каде што претходно пливал некој со КОВИД-19, ќе се заразат од коронавирусот, бидејќи има желудочна киселина која ќе делува заштитно“, објаснува доктор Стојанов.

Уште еднаш повторува дека КОВИД-19 е инфекција која се пренесува преку воздух, за разлика од инфекции кои се развиваат преку вода, или, на пример, преку храната. Она што сега ги збунува научниците е зошто оваа респираторна инфекција која најмногу би требало да се шири преку зима, сега упорно опстојува и во текот на летните месеци.

„Затоа, најбитна работа на плажите е да се одржува социјална дистанца со непознатите. Дури, толку не е значајно носењето маска, колку што е значајно да се одржува социјалната дистанца. Ова лето не мора на плажа да ги играме тие спортови и не мора да имаме дружења, кои вклучуваат поголем број на луѓе“, дециден е доктор Стојанов.

Инаку, според правилата за одење на плажа кои ги објави Инстутот за јавно здравје, треба да се почитуваат следниве препораки.

Во вода да се одржува социјална дистанца, а на плажа да се носат покривки за лице кога дистанцата не може да се одржи. Сопствениците на плажите треба лежалките, чадорите, веслата, кајаците и перките за пливање да ги исчистат и дезинфицираат, да се чуваат одвоени од веќе исчистените и дезинфицираните предмети. Персоналот и посетителите на плажите не треба да споделуваат предмети што тешко се чистат, санираат или дезинфицираат како очила, храна, опрема, играчки и матеирјали со оние со кои не живеат.

Најверојатно допрва ќе има и протоколи за однесување на граѓаните на плажите, но и на нивните сопственици. 

Во правилниците стои и дека поединците не треба подолго да комуницираат со луѓе. 

Се препорачува и да се ограничи употребата на бањите, а персоналот и посетителите на плажа да го делат превозот и транспортот само со луѓе во нивното домаќинство. На плажите треба да има препораки за миење на рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди, да се користат средства за дезинфекција на раце со најмалку 60 проценти алкохол, да се постават канти за ѓубре без допир и со капак, да се постават преносни станици за миење раце, за да се мотивираат посетителите и персоналот на плажа да ги мијат рацете.

За македонските граѓани, онака како што сега стојат работите, домашните езера ќе останат единствената опција за годишни одмори, освен оние граѓани кои сакаат селски, планински или друг алтернативен туризам. 

Грција реши од 1 јули да не ги отвори портите за македонските туристи, следејќи ја белата листа препорачана од Европската унија. Потоа оваа наша соседна држава стави рампа дури и за српските државјани, кои се најдоа на дозволениот европски список, со образложение дека таму расте бројот на заболените.

Белата листа на ЕУ ќе се ревидира на секои две недели, што значи дека до нејзина промена ќе може да дојде веќе на 15 јули. Но, дали тогаш ќе се отворат границите за влез на македонските граѓани во Грција е навистина неизвесно да се очекува, бидејќи тоа многу ќе зависи од развојот на епидемиолошката состојба, односно од тоа колкав број на новозаразени лица ќе се регистрира во земјава во текот на следните денови.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска