13 Декември, 2025
0.0342

Словачка и Украина ќе увезуваат американски течен природен гас?

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2025 16:38

Добивај вести на Viber

Полска планира да ги снабдува Словачка и Украина со американски течен природен гас, кој е наменет да ги замени руските енергетски ресурси, зајакнувајќи ги енергетските врски на Европската Унија(EУ) со САД.

Ова беше најавено и на заедничката прес-конференција во Братислава, каде што учествуваа претседателите на Словачка и Полска, Петер Пелегрини и Карол Навроцки.

Се очекува официјалните лица да објават заедничка декларација за зголемување на увозот по состанокот на трансатлантската конференција за енергија во Атина оваа недела. Потенцијалните количини би можеле да достигнат од 4 до 5 милијарди кубни метри гас годишно, што одговара на годишната потрошувачка на Словачка.

Пелегрини објасни дека Словачка е под притисок што е можно поскоро да се откаже од снабдувањето со гас од Руската Федерација. Тој истакна дека разговарале за ова прашање на состанок со лидерите на Полска и САД. Според него, технички Словачка е во многу тешка ситуација и на краток рок ќе биде исклучително тешко да се спроведе планот.

Според Навроцки, Полска наскоро треба да стане центар за снабдување со течен гас од САД во регионот. Тој нагласи дека Полска веќе има терминал за течен природен гас (LNG) во Швинујшќе, а се очекува и завршување на пловечкиот терминал во Балтичкото Море. Постои интерконектор со Словачка, а земјите од Централна и Источна Европа се соочуваат со заедничка задача – да постигнат целосна независност од рускиот гас.

На 23 септември, американскиот претседател Доналд Трамп, за време на своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, повторно ги критикуваше европските земји-членки на НАТО кои сè уште купуваат енергетски ресурси од Руската Федерација и изјави дека тие „финансираат војна против себе“.

foto freepik.com/fanjianhua

Можеби ќе ве интересира

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот