Словенија го прогласи Нетанајху за „персона нон грата“
Објавено во: Свет 25 Септември, 2025 17:51
Владата на Словенија го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „персона нон грата“ и ќе бидат преземени исти мерки како против двата екстремистички израелски министри Итамар Бен-Гвир и Безалела Смотрич, кои во јули беа прогласени за непожелни.
- Јавноста е свесна дека тој е гонет за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики го кршат меѓународното хуманитарно право и човековите права, објави на платформата Икс државната секретарка во словенечкото Министерство за надворешни работи Неве Грашиќ.
Таа додаде дека со владината одлука „се испраќа јасна порака до Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право“.
Словенија минатата година ја призна Државата Палестина, а во август воведе ембарго за оружје врз Израел и воведе забрана за увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел.

Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




