Добивај вести на Viber
Од бившите југословенски републики, лани Словенија имала највисоки плати, а Србија и Македонија најмали.
Во Словенија просечната плата била околу 1000 евра, во Црна Гора 482, во Хрватска 747, БИХ 422, Македонија 365, а Србија 361 евро.
Ако се спореди растот на просечната плата, тој бил најголем во Србија. Во Словенија платата пораснала за 1.49 евра, Хрватска 5.44, Србија 34.77 евра.
Економистот Милан Чулибрк вели дека иако растот во Србија бил највисок, сепак платите се најниски во регионот и тоа покажува дека земјата има проблеми на економски план.
Тој вели дека Србија е една од ретките земји во Европа, каде платите во државниот сектор се повисоки од платите во приватниот сектор. Слична е состојбата и во Македонија и затоа младите сакаат да се вработат во адимистрација.