СЛУЧАЈ „АКТОР“: Олигархот Леонидас уапсен
Објавено во: Балкан, Економија 22 Април, 2015 13:08
Грчките медиуми објавија дека е приведен директорот на фирмата „Актор“, Леонидас Боболас.
Се сомничи за даночно затајување и перење пари, јавуваат грчките медиуми.
Тој во грчкото обвинителство ќе даде исказ .
Боболас е извршен директор на „Ellaktor“, познат мултинационални грк во градежништвото. Тој ќе биде обвинет за даночно затајување и перење пари, пишува protothema.gr.
Грција веќе води истрага за случајот, за што лани летото побарала помош и од македонските надлежни иснтитуции.
Од македонска страна, од министерството за правда потврдија дека добиле барање за помош на Јавното обвинитеслтво во Атина и дека на 20-ти март истото го препратиле до македонското Јавно обвинителство.
Како што пренесуваа тогаш грчките медиуми кои се повикуваа на извештајот на ОЕЦД, Грција прво побарала помош од Македонија, и откако не добила одговор побарала во случајот да посредува Еуроправда.
Јавното обвинителство потрвди дека до нив стигнало барањето но детали не откриваат бидејќи се работело за комплексен случај. Но овбинителството велат дека до нив пристигнало барање од Еуроправда.
-До овој момент во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема пристигнато никаво барање од страна на Европравда за соработка и правна помош во овој предмет. Ова обвинителство досега има остварено контакти со надлежните органи на Република Грција по барање за меѓународна правна помош.Со оглед на комплексноста на конкретниот кривично -правен настан ивоинтерес на истрагата, надлежното обвинителство не може да споделува детали со јавноста, велат од Јавното обвинителство.
АКТОР осомничена дека дала поткуп во Македонија
Медиуми во Грција објавија дека грчките надлежни институции покренале истрага против компанијата Актор, за наводен поткуп на официјални претставници во Македонија за да ја добијат работата на делницата Демир Капија-Смоквица. Во извештајот на ОЕЦД на кој се повикуваат грчките медиуми со наслов “Случај изградба на автопат” стои дека Грција го детектирла случајот од статиите во медиумите испратени од страна на Работната група на ОЕЦД во мај лани.
-Грчка градежна компанија наводно понудила поткуп на официјални претставници од ПЈРМ за да го добијат договорот вреден 270 милиони евра за изградба на автопат во таа земја. Градежните работи на Демир-Капија Смоквица почнаа во септември 2012 година, а грчката компанија го доби договорот иако имаше значително повисока понуда од околу 40 милиони евра во однос на конкурентите. Вклучени се филијала на грчката компанија во поранешната југословенска Република Македонија и поединци од Грција. Во Грција прелиминарната истрага за перење пари и мито е во тек. Грција побарала правна помош од ПЈРМ во јуни 2014 годинадодека чека одговор на барањето, побарала за помош да посредува европскиот Еуроправда, се наведува во извештајот на ОЕЦД објавен на 20-ти овој месец.
Министерство за транспорт:Постапката беше транспарентна
Од министерството за транспорт и врски информираа дека до нив нема пристигнато известување дека се води истрага против градежната компанија Актор. Од министерството велат дека градежните активности на автопатскста делница Демир Капија-Смоквица се одвиваат согласно утврдената динамика и дека до сега се реализирани 58 % од вкупните градежни работи.
„Градежната компанија Актор, тендерот го доби во една транспарентна постапка спроведена согласно правилата на Европската Унија. Доказ за потврда на транспарентноста на постапката е и одобрувањето на договорот од страна на Делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, велат од Министерството за транспорт и врски.
Јавното обвинителство во март лани отвори преткривична истрага за случајот. Сметките на подружницата на Актор во земјва прво беа блокирани, па потоа деблокирани, а од обвинителството тогаш изјавија дека без разлика што сметките се деблокирани, истрагата ќе продолжи. По деблокирањето на сметките грчката градежна компанија „Актор“ објави дека ги продолжува работите на изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




