Случајот „Керозин“ во судница – првообвинетиот ги негира обвинувањата
Објавено во: Економија 05 Август, 2013 21:27
Ангел Пецов првообвинетиот во случајот „Керозин“ денеска во судница како неосновани ги оквалификува тврдењата на Обвинителството дека доставувале помалку нафта од предвиденото.
„Не верувам дека постои човек кој би формирал семејство за од него да направи банда или злосторничко здружение. Ќе докажам дека преку мојата фирма не се сторени делата за кои сме обвинети. Ние не сме банда, туку семејство кое, преку нашата фирма, опстојува 20 години“, посведочи првообвинетиот Ангел Пецов, сопственик на фирмата „Алма комерц“. Освен Пецов, во „Керозин“ обвинети се уште 15 лица меѓу кои и неговата сопруга и син.
Се товарат дека преку неготинската фирма „Алма комерц“ ја оштетиле државата за преку два и пол милиони евра. Испорачувале нафта помалку од предвиденото, ги заменувале цистерните или поставувале небаждарени мерачи за да покажуваат дека во нив има повеќе нафта. Мики Вујиќ адвокат на петте возачи, смета дека неговите клиенти се држат во притвор девет месеци, иако тие според него не знаеле ништо, туку дека само ги возеле цистерните со нафта.
Услугите на „Алма комерц“ ги користеле Владата, царината, УЈП, неколку министерства. Јавните установи само за ланската грејна сезона склучиле договори со „Алма комерц“ во вредност од милион и пол евра. Со дополнителната истрага,МВР не најде сомнеж или докази за одговорност на функционери во овие институции, туку сите 6-мина уапсени јавни службеници се магационери и котлари вработени во институциите.
„Алма комерц“, како што тврди Јавното обвинителство, за една година успеала да добие близу 150 тендери. Оваа фирма можела да ја урива цената на конкурентите нудејќи услуги пониски за едно евро. Ваквиот начин на работење траел безмалку цели четири години, до средината на минатиот ноември кога беше реализирана полициската акција „Керозин“ кога од слобода беа лишени 16 лица.
Инаку, десетмина од обвинетите се товарат за злосторничко здружување, фалсификувања и за злоупотреби, но има и такви кои ќе одговараат за примање поткуп.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




