СЛУШНАВМЕ ЕКСПЛОЗИЈА, ЗЕМЈАТА СЕ СТРЕСЕ - сведоштва на жители од Влае, истекувањето на водата е запрено
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2025 06:49
Одеднаш слушнавме силна експлозија и земјата и куќата се стресоа. Слушнавме експлозија. Мислевме дека е земјотрес. Излегов надвор и тогаш видов што се случило. Целиот тој дел од улицата експлодирал и парчиња од асфалтот летнале. Потоа се појави оваа дупка. Пукнала цевката од притисок.
Овде асфалтот на оваа уличка е неколку сантиметри, а за изградба на згради тука поминуваат огромни и тешки камиони. Беше прашање на време кога ова ќе се случи - раскажува жител на Влае кој живее на стотина метри од местото каде што експлодирала Ф-600 цевка.
Поради овој дефект, кој екипите на ЈП Водовод и канализација, го санираа во текот на ноќта, безмалку во половина Скопје, пред се во Влае, Карпош, Тафталиџе, Козле, па се до Центар, имаше помал притисок на вода и таа течеше со сериозно намален капацитет.
Екслозијата се случила на крајот од улицата Франце Прешерн во Влае, во делот од улицата што оди покрај самиот Вардар. По улицата буквално тече уште една помала река.
Екипите на ЈП Водовод и канализација бараа решенија, се мислеа како да најдат ленти и евентуално ротациони светла за да го заградат местото (на крај на едната страна ставија некакво буре кое го најдоа тука, а со кое беше покриена друга длабока шахта), за да не се случи некој со автомобил да се залета и да пропадне во дупката од околу еден метар, а која има, во површина повеќе од десетина метри квадратни.
Распуканиот и пропаднат афсалт сведочи за силината на експлозијата и кога ќе го видите тоа, станува јасно зошто земјата и куќите во околината се затресле, а жителите мислеле дека е во прашање земјотрес.

Во меѓувреме Центарот за управување со кризи соопшти дека ЈП Водовод и канализација бара решение за сериозниот дефект на водоводна цевка Ф600мм на улицата Франце Прешерн 100Д во населбата Влае.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, нема веќе истекување на вода, а поради големата количина на изгубена вода, нормализирањето со притисокот ќе потрае.
Поради сериозниот дефект без вода останаа Ѓорче Петров, Влае, Карпош и други делови од Скопје, а некаде имаше намален притисок на водоснабдувањето.

- Ве известуваме дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




