19 Декември, 2025
0.0470

СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО И 2.500 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА КОВАЧЕВСКИ - експремиерот доби апанажа, исто толку и ексминистерот за внатрешни

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024 11:18

Добивај вести на Viber

Цела година од престанокот на функцијата сега веќе поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе добиваат по 2.500 евра на своите сметки. 

Имено, на нивно барање, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, ги усвои, односно ги прифати барањата да добијат апанажа.

Апанажата или надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, а тоа значи дека и двајцата цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно.

Како што пишува Блумберг Адриа, единствено пратеници од СДСМ биле присутни во салата, а со седум гласа „за“ и без никаква дискусија биле усвоени решенијата.

-  Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски кому функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата. И поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукцијата - рече претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и ги стави предлозите на гласање.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот