SMART ELEVING: Платформа за финансиска едукација која ви помага да направите паметни финансиски избори
Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2024
Во свет каде што финансиските информации се обилни и комплицирани, како можеме да знаеме што да правиме со нашите пари? Како можеме да ја разбереме нашата финансиска состојба и како да ја подобриме? Како можеме да научиме нови и ефективни начини за штедење, инвестирање и трошење?
За да одговори на овие прашања, финансиското друштво Финмак со своите два бренда Tigo.mk и Bongo, како дел од меѓународната Финтек групација Eleving Group, се приклучи на меѓународната иницијатива за финансиска едукација “ Smart Eleving”, платформа за финансиска едукација која од сега е достапна на македонски јазик за македонските граѓани.
Оваа платформа содржи петминутен тест кој преку неколку прашања, ја покажува финансиска состојба на поединецот и дава совети за планирање на дневните трошоци, но и паметно управување со буџетот. Тестот се заснова на научно докажана методологија која користи систем за бодување за да го процени финансиското ниво на учесникот. Тестот ги зема предвид приходите, трошоците, заштедите, инвестициите и целите, за на крајот, да прикаже детален резултат кој посочува каква е финансиската состојба на учесникот, и поважно, кои чекори, преку корисни совети треба да бидат преземени за да се постигне подобра финансиска состојба.
Но, тоа не е сè. Платформата Smart Eleving нуди и блог со корисни текстови за управување со долгови, заеми, купувања итн. Блогот изобилува со содржини за финансиски прашања кои влијаат на личноста, неговото домаќинство, а кои се пренесени на сигурен и лесно разбирлив начин. Преку алатката, учесникот може да се едуцира како да го избере соодветниот кредит, или пак, како да заштеди за куќа или патување, како да купи автомобил или мобилен телефон и многу други работи. Блогот овозможува знаење со кое читателот може да направитпаметни финансиски избори кои носат долгорочни придобивки.
Платформата Smart Eleving е достапна на македонски, англиски и на неколку други јазици. До платформата се пристапува брзо, лесно и едноставно на линкот на https://smart.eleving.com/mk/
***
За Финмак
Финмак ДОО е дел од Eleving Group, водечка Финтек групација која обезбедува одржливи финансиски решенија на глобално ниво. Со своите два бренда, Tigo.mk и Bongo, Финмак обезбедува високи етички и професионални стандарди и култура каде клиентот е секогаш во главниот фокус.
Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е
водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските
граѓани, на одговорен и транспарентен начин, им нуди пристап до финансии и
обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.
До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на
www.tigo.mk или во некоја од филијалите ширум земјата, а аплицирањето и на
обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива
за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.
Bongo дел од Финмак ДОО, е нов бренд кој со својата работа започна во јуни 2023 г. До услугите на Bongo клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.bongo.mk или во некоја од 9-те филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.
Финмак ДОО е член на Групацијата на финансиски друштва во рамките на Стопанската комора, чии членови се залагаат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.
ПР објава