19 Декември, 2025
0.0569

SMART картичка за повеќе попусти и промоции во Техномаркет

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2016 14:21

Добивај вести на Viber

Пониски цени? Големи попусти? Специјални понуди? Сето тоа ќе може да го имате со новата SMART картичка што Техномаркет ја подготви за вас.

Техномаркет за своите верни потрошувачи промовираше лојална SMART картичка со која ќе се обезбедат дополнителни поволности и предности при купувањето. Kорисниците на SMART картичката ќе добијат право на ексклузивност до голем број промотивни акции, попусти, вредносни вачуери и специјални промоции што ќе бидат наменети само за членовите во програмата за лојалност.

Лојалните потрошувачи со SMART картичката ќе добиваат Back Bonus, што се пресметува врз реализирани купувања во сите продажни места. Тоа значи дека ќе потрошувачите ќе добијат попуст од 1,5 % од вредноста на артиклите (со пресметан попуст од 2% согласно програмата) во сите продажни места на Техномаркет и попуст од 5% од вредноста на артиклите во продавниците на Coin Casa и @HOME (со пресметан попуст од 5 % согласно лојалната програма).

„Нашата SMART картичка е резултат на искреното пријателство со нашите купувачи. Познати сме по организирање и промоција на голем број акции што носат голем број попусти за сите купувачи, а ова е само уште еден сегмент во таа приказна. Лојалната картичка е наменета за дополнително наградување на нашиот голем број лојални и задоволни купувачи и дополнително задоволување на нивните барања и потреби,“ истакна Александар Медарски, раководител на малопродажба во Техномаркет.

Smart картичката носи и директен попуст при купување од 2% од продажната цена за секое готовинско плаќање во Техномаркет и попуст од 5% за артиклите во @HOME и COIN CASA, без разлика дали производите се на промоција или со намалена цена. Дополнителен попуст од 10% се добива и во сервисот на К&К ДООЕЛ СКОПЈЕ за производите кои се купени согласно оваа Лојална програма.

Сите граѓани што се заинтересрани да имаат своја SMART картичка, можат да аплицираат во било кое продажно место на Техномаркет или тоа да го направат во продавниците на COIN CASA и @HOME. Исто така тоа, својата апликација можат да пополнат и пратат електронски преку веб страната http://www.technomarket.com.mk, а картичката ќе можат бесплатно да ја подигнат од најблискиот салон на Техномаркет или во салонот што тие сами ќе го одберат.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка