Сменете ги навиките и збогатете се
Објавено во: Финансии 09 Април, 2017
Стив Сиеболд, автор кој ги проучува богатите луѓе, направи список на седум навики кои укажуваат дека никогаш нема да заработите многу пари.
Ако ги практикувате овие седум работи, треба да ги смените своите навики.
штедење
Размислувате само за штедење, но не и за заработка. Морате да заработувате и да смислите начини како да дојдете до екстра приходи.
вложување
Еден од најдобрите начини за богатење е вложување. Колку порано ќе почнете, толку подобро.
редовна плата
Грижете се за резултатите, а не за редовна плата.
живот преку граница
Ако живеете над своите можности, никогаш нема да бидете богати.
не ги следите своите соништа
Ако сакате да бидете успешни, мора да го сакате она што го работите. Најдете ја својата страст и ќе бидете среќни и успешни.
немате цели
Важно е да имате јасна цел, храброст, знаење и многу труд да вложите.
мислите дека богатењето е надвор од вашиот досег
Морате да си поставите високи очекувања. Ако вие не верувате во себе, никој нема да верува.