Смртоносен руски напад на Киев - загинаа 14 луѓе
Објавено во: Свет 28 Август, 2025 12:06
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бројот на загинати во масовниот руски напад врз Киев достигна 14 луѓе, вклучувајќи три деца. Тој го осуди „страшниот и намерен масакр врз цивилите“ и нагласи дека Русија не се обидува да го заврши конфликтот, туку само да предизвика нови удари.
Како што соопшти украинското воено воздухопловство, Русија испукала 598 дронови и 31 балистичка или крстосувачка ракета. За време на нападот се оштетени десетици згради во Киев, вклучително и станбени и административни објекти, како и објекти на цивилни компании.
Зградата на мисијата на Европската унија (ЕУ) во Киев била оштетена при „намерен“ руски напад, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, нагласувајќи дека ЕУ „не се плаши и нема да се заплаши“.
Поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во интервју за германскиот „Шпигел“ изјави дека очекувањата за непосреден крај на вооружениот конфликт меѓу Москва и Киев се нереални. Војната трае повеќе од 3.5 години.Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




