Смртоносна бактерија коси низ Европа: Од соседните земји никако не купувајте замрзнат зеленчук
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2018 11:31
Албанија, Бугарија, БиХ, Грција, Словенија, Хрватска се земјите од регионот од кои никако не смеете да купувате замрзнат зеленук и замрзната пченка ако забележите дека имаат унгарско потекло.
Имено, Унгарска фабрика за замрзнат зеленчук и замрзната пченка дистрибуирала во 107 земји производи кои ја имаат бактеријата листериоза, но не и во Македонија, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје .
До 15 јуни годинава во Европа се пријавени се 47 случаи на епидемијата на инвазивна „Listeria monocytogenes“ од кои девет се смртоносни.
Според Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA), секвенционирањето на цел геном се користи за да се идентификува контаминираната храна, за која првично мислеле дека е замрзната пченка.
Но, истите соеви на L. monocytogenes се откриени во замрзнат зеленчук, произведен од истата унгарска компанија во 2016, 2017 и 2018 година. Ова укажува на тоа дека бактеријата опстанала и се размножува во преработувачката фабрика и покрај постапките за чистење и дезинфекција кои биле спроведени. Достапните информации ја потврдуваат контаминацијата во унгарската фабрика. Сепак, потребни се понатамошни испитувања, вклучувајќи темелно земање мостри и тестирање, за да се идентификуваат точните точки на загадување на животната средина во унгарската фабрика.
На крајот на минатиот месец унгарската канцеларија за безбедност на синџирот на храна ја забранила продажбата на сите замрзнати зеленчукови и замрзнати мешани растителни производи произведени од засегнатата фабрика помеѓу август 2016 и јуни 2018 година, и наредила нивно итно повлекување и отповикување.
Што претставува листерозата?
Листериозата примарно предизвикува инфекции на централниот нервен систем (менингитис, менингоцефалитис, мозочен апсцес, церебритис) и бактериемија кај оние кои се имунокомпромитирани,бремени жени, новороденчиња, старци како и гастроентеритис кај здрави лица кои консумирале поголема количина во организмот.
Листеријата е сеприсутна во околината и примарно се пренесува по орален пат после внесување на контаминирани хранливи производи, после што бактеријата навлегува во цревниот тракт и предизвикува системски инфекции.
Препораките се пред да конзумирате замрзната храна убаво да ја обработите термички.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




