20 Април, 2024
0.0274

СН Групацијата со поддршка за македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков Рико

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Во пресрет на официјалниот старт на Порше Суперкупот 2023, натпреварување кое веќе три децении се вози пред трките на Формула 1, СН Групацијата ja официјализираше поддршката за македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков Рико.

По тој повод Вуков го посети СН Мото Центарот во Скопје, кој е дел од СН Групацијата.

„Многу ми значи што СН Групацијата ги препозна моите напори и напорите на мојот тим. Трките од Порше Суперкупот спаѓаат во групата на врвни натпревари на глобално ниво. Колкаво е нивното значење зборува податокот дека тие се возат заедно соФормула 1 веќе три децении. Затоа за мене е голема чест и задоволство не само затоа што што сум дел од светскиот куп, туку и затоа што врвни компании застанаа во наша поддршка. Охрабрени заминуваме на трката во Имола и верувам дека со поддршката од СН Групацијата ќе постигнеме резултати достојни за почит“, изјави Вуков.

„Големите предизвици заслужуваат голема поддршка. Токму тоа е причината што во поддршка на македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков Рико застана и СН Групацијата, во чиј состав се најголемото брокерско друштво во државата - СН Осигурителен Брокер АД Битола, СН Мото Центарот во Скопје и СН Сообраќајниот центар во Битола.Рико е нашиот херој на Порше Мобил 1 Суперкупот и ние веруваме дека за него и неговиот Омбра тим допрва ќе се слуша.“-изјави Иванчо Дафовски, управител на СН Мото Центарот.

Кристина Комненовиќ, менаџер во СН Мото Центарот и Бојан Москов, менаџер на продажба во СН Осигурителен Брокер, го запознаа Вуков со содржините на СН Мото центарот, кој нуди услуги на принципот на мултифункционален центар во чиј состав покрај технички преглед функционира и шалтер на СН Осигурителен Брокер.

По повод официјализирањето на соработката, Вуков и претставниците на СН Групацијата наздравија и со чаша шампањ. Ова беше повод исто така и за технички преглед на Поршето на Вуков.

„Приоритет на СН Мото-центарот е поголема безбедност во сообраќајот. Со оглед на тоа што техничката исправност на возилото е клучен параметар за да се осигури поголема безбедност во сообраќајот, чест ни е што можевме да извршиме технички преглед и на Поршето на Вуков.“-рече Дафовски, посакувајќи му на македонскиот автомобилист уште многу успеси на тркачките патеки, но и многу прекрасни и безбедни патувања и тогаш кога патува приватно.

Инаку, Вуков минатите три сезони ги мина како возач во Порше Карера Купот на Италија, каде што се етаблираше како возач кој континуирано освојува поени. Од годинава тој настапува во највисокото по ранг светско натпреварување од ГТ трките, Порше Суперкуп.

Календарот за 2023 година предвидува осум трки. Сезоната почнува на 21 мај во Имола, а завршува на 3 септември во Монца.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите