СН Осигурителен Брокер ја оправда довербата на инвеститорите, ја исплати првата годишна камата за корпоративната обврзница
Објавено во: Македонија 02 Март, 2023
Фактите говорат дека СН Осигурителен Брокер во моментов дава најголема камата за својата корпоративна обврзница. Споредбата е релевантна и во однос на каматите од банкарските обврзници и во однос на каматата која се добива од класичен банкарски депозит односно орочен штеден влог во денари или евра.
СН Осигурителен Брокер АД Битола денеска соопшти дека изврши исплата на камата по каматна стапка од 6% на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница– емисија на обврзници со ИСИН код MKSNOB200014 и шифра на тргување SNBTO.
Каматата е исплатена вчера, при што право на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-емисија на издавачот СН Осигурителен Брокер АД Битола во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 28.02.2023година.
Ова е највисоката камата не само од корпоративна обврзница, туку споредено и со други финансиски инструменти. За илустрација секој што вложил 1.000.000 денари во корпоративната обврзница на СН Осигурителен Брокер АД Битола, во текот на вчерашниот ден остварил принос од 6 отсто, односно 60.000 денари годишна камата.
Во време кога банкарските камати не се ни оддалеку толку високи, високиот принос од корпоративна обврзница го свртува вниманието кон овој финансиски иструмент потврдувајќи дека времето на корпоративните обврзници е веќе дојдено. Истиот износ на пари вложен во класичен банкарски депозит или орочен штеден влог, без разлика дали е вложен во денари или евра, носи помал принос. Банкарските камати на штедните влогови во денари се движат до 3,5%, додека за влогови во евра се далеку пониски.
Фактите говорат дека СН Осигурителен Брокер во моментов дава најголема камата за својата корпоративна обврзница. Споредбата е релевантна и во однос на каматите од банкарските обврзницикаде што моментално каматата се движи од 2,7% на годишно ниво за целиот период, до 5% за првите пет години и 7% за следните две години.
Висината на каматата и стабилноста на компанијата важни критериуми за инвеститорите
СН Брокер предничи со висината на каматата, но истата разбирливо не единствен критериум врз основа на кој се донесува одлука каде да се инвестираат парите. Не помалку важна е сигурноста на вложените средства.
Инвестирањето во хартии од вредност, како и секое друго инвестирање, носи ризик. Но, инвестирањето во обврзници е помалку ризична форма на инвестирање од инвестирањето во акции, особено ако се купуваат обврзници кои ги издава државата или обврзници на профитабилни компании кои во континуитет имаат позитивни финансиски резултати. Оттука, инвеститорите кои се свртуваат кон корпоративните обврзници ги бараат оние кои ги издаваат профитабилни компании.
СН Осигурителен Брокер АД Битола е најголем брокер по бруто полисирана премија и реализирани штети, број на експозитури и вработени, територијална покриеност и број на вработени лиценцирани осигурителни брокери. Двоцифрениот раст на продажбата директно условува и раст на добивката низ годините. Континуиран е и растот на бруто-полисирањето. 2022 година друштвото ја заврши со 60.497.915 денари добивка и со растечки број од над 80.000 осигуреници.
Со ваков капацитет разбирливо е како токму СН Осигурителен Брокер е компанијата која го скрши мразот на полето на корпоративните обврзници во Северна Македонија. Имено, компанијата е првиот правен субјект од нефинансискиот сегмент на националната економија кој издава долгорочни хартии од вредност − корпоративна обврзница.
Дел од средствата од обврзницата вложени во најсовремена станица за технички преглед
Непосредно пред почетокот на 2023 година компанијата ја промовираше најновата инвестиција во Скопје тешка 2,4 милиони евра- СН Мото центарот - современа станица за технички преглед. Се работи за мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни во Момин Поток-Карпош во Скопје. Центарот располага со 1.847 метрикорисна површина и со најсовремена опрема и стручни кадри, велат од компанијата.
Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, цемт, хомологација, ПТЕУ, меѓународна возачка дозвола, полномошно и пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер достапни се сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.
Всушност, дел од средствата кои СН Осигурителен Брокер ги обезбеди од корпоративната обврзница ги употреби за купување, модернизација и опремување на СН Мото центарот во Скопје, како и за вложување во информациските и комуникациските технологии, како што е предвидено во деловниот план за периодот 2021 − 2025 година.
Бизнис-патоказот е оформен откако стручната анализа на топ менаџментот покажал дека друштвото го достигна максималниот развој во рамките на постоечката структура и вложувања и дека е потребен нов инвестициски развоен бран. Ова предвиде започнување петгодишен развоен циклус кој се темели на пет столба, и тоа во сегментот на: информациските и комуникациските технологии, засилување на операциите во град Скопје, интернационални инвестиции, инвестиции вон дејноста и инвестиции во соработката со осигурувачите.
Со засилувањето на операциите во Скопје речиси 80% од бизнис планот се веќе реализирани.Всушност, СН Мото Центарот во Скопје ја пресликува успешната приказната на СН Сообраќајниот центар во Битола – инвестиција на СН Осигурителен брокер во 2019 година, тешка 5,5 милиони евра.
Сето ова покажува континуитетот на позитивните резултати од деловното работење на СН Осигурителен Брокер, компанија која има големи амбиции и за проширување на деловните операции на интернационален план. Првите чекори за проширување во Грузија се веќе реализирани.
94,7875 % успешност на обврзницата на СН Брокер
Во процесот на издавање на обврзницата СН Брокер соработуваше со Инвестброкер АД Скопје, еден од првите и најстари учесници на пазарот на капитал во РСМ. Емисијата на нови хартии од вредност е комплексен проект кој покрај другото опфаќа и изработка на проспект, како најобемен и најважен документ, наменет за пошироката јавност и кој е основа за донесување на одлуката за инвестирање во новоиздадените хартии од вредност, во случајот должнички хартии од вредност или обврзници.
Предмет на јавната понуда беше првата емисија на 8.000 долгорочни должнички хартии од вредност, односно корпоративни обврзници. Номиналната вредност на корпоративната обврзница е 10.000 денари по лот во вкупен номинален износ од 80 милиони денари. Еден лот е една обврзница. Продажбата се вршеше по пат на јавна понуда преку Македонска берза АД Скопје.
Заклучно со 26 февруари 2022 година, од понудените 8.000 корпоративни обврзници продадени се вкупно 7.583 хартии од вредност за износ од 75.830.000,00 денари. Тоа значи дека обврзницата е успешна, односно реализацијата е 94,7875 %.
На седница одржана на 27.05.2022 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на корпоративни обврзници издадени од СН Осигурителен брокер АД Битола на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација. Тоа значи дека имателите на обврзници, доколку имаат потреба од ликвидни средства, можат да ги продаваат обврзниците на секундарниот пазар.
Датумот на достасување на главницата на корпоративната обврзница е 28.02.2027 година по фиксна годишна камата од 6,00% за целиот период. Каматата се пресметува и се исплаќа во денари, а првата годишна камата е исплатена на 1 март 2023.
Со исплаќањето на првата камата СН Брокер практично ги исполни очекувањата на инвеститорите и уште еднаш го потврди трендот на раст и развој, стабилност и растечка профитабилност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.