СНЕГОТ ГИ ОТЕЖНУВА УСЛОВИТЕ: АМСМ со нови забрани за сообраќај!
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2017
Снегот кој после два дена се врати да вее, повторно почна да прави проблеми во сообраќајот.
Последните информации на Авто-мото сојузот на Македонија од 15 часот велат дека забрана за движење има кон Граничниот Премин-Делчево за Тешки моторни возила, поради излизгување на тешко моторно возило и блокирање на патот од бугарската страна. Сообраќајот за Патнички моторни возила се одвива нормално.
Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на крак Маврово – Дебар. Забраната на патниот правец Гостивар-Стража се очекува да биде укината околу 14 часот.
Од 12:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Стража.
Сепак, возачите да бидат исклучително внимателни зошто сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Ако тргнувате на пат имајте задолжителна зимска опрема со вас, или одложете го патувањето ако не ви е итно.