ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Коцевски кажа дека уште седум лица ќе бидат приведени
Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 19:45
Издадена е наредба да се приведат уште седум полицајци за пожарот во Кочани кој изби на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 59 луѓе, а потоа уште двајца починаа од повредите.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во гостување во „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека во овој момент јавниот обвинител издал наредба за приведување на уште седуммина полициски службеници во рамките на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Коцевски не откри дали се работи за актуелни полициски функционери, иако беше прашан, но рече дека тие утре ќе бидат донесени во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а потоа и пред судија на претходна постапка.
Бројот на полицајци и началници кои се опфатени со истрагата се зголеми на 14. Во пожарот имаше и 200 повредени. Дел од овие луѓе уште се на болничко лекување и потоа ќе им треба рехабилитација. Плафонот на дискотеката се запали од употреба на пиротехника. Власта по трагедијата забрани употреба на пиротехника во затворен простор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




