19 Декември, 2025
0.0419

Снегот го промени и возниот ред на ЈСП

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2018 10:02

Добивај вести на Viber

Според денешното известување од ЈСП Скопје поради снегот се скратени или не сообраќаат повеќе градски и приградски автобуски линии.

Снегот е причина за да не сообраќа автобусот до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 80, 80а и 180.

Според соопштението на ЈСП „Скопје“, автобусот со број 16 место до Пржино сообраќа до црквата „Св. Петка“, автобусот со број 3 место до „Панорама“ сообраќа до Клинички центар, а автобусот со број  24 сообраќа само до Кисела Вода.

Од приградските линии, автобусите со број 58, 58а и 58б место до селата во општина Сопиште сообраќаат до Кисела Вода.

Автобусот со број 164 сообраќа до Орман, 160 до Шишево, 81 до Чучер, 74 до Драчево, а 73 до фабриката Усје. Автобусите со број 11 и 11а место до Рашче и Горно Свиларе сообраќаат до рампата пред селото, автобусот со број 32 сообраќа до Сарај, 47 до Радишани, а 47а до Љуботенски пат.

Автобусите со број 51 и 51а сообраќаат до крстосницата пред селото Студеничани, 53 оди само до село Катланово, 55 сообраќа до мостот пред Арачиново, а 55а место до Брњарци до крстосницата.

Автобусот со број 61 место до селото Побожје сообраќаа до Каменоломот, 63а оди до Бунарџик, 64а до Орман, а 65 и 65б до Црешево. Автобусот со број 65а место до Страчинци сообраќа до гробиштата, 68 до Ржаничино, а 70 место до Батинци, сообраќа до главниот пат до вториот мост.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека контактираат со Зимската служба на Град Скопје и во зависност од временските услови се очекува поголем дел од овие линии  повторно нормално да сообраќаат.

Редовните патниците утрово беа револтирани од доцнењето на автобусите. Снегот и голомразицата го забавија темпото на вообичаениот возен ред, па одделни линии доцнат и по триесетина минути.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот