18 Декември, 2025
0.0386

Снежана полни 77 години

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2014 13:28

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите и најгледани цртани филмови на сите времиња, кој и денес децата го гледаат со несмален интерес „Снежана и седумте џуџиња“ денеска го  „слави“ 77-от роденден откако премиерно бил прикажан во 1937 година во Холивуд. „Снежана“ е првиот долгометражен анимиран филм во историјата на филмската продукција во Америка произведен во боја, и прв долгометражен цртан филм во боја во продукцијата на Волт Дизни како и еден од најкомерцијалните цртани филмови на 20 век. На филмот се почнало со работа на почетокот од 1934 година, а во јуни истата година Дизни во Њујорк тајмс најавил производство на својот прв долгометражен анимиран филм. snezana2 Дизни се соочил со големи проблеми уште на самиот почеток при изработката на филмот, бидејќи неговиот брат и деловен партнер Рој Дизни, како и сопругата Лилијан се обиделе да го одвратат од неговата намера. Сепак Дизни сметал дека на овој начин ќе го зголеми угледот на неговото студио и ќе ги зголеми приходите што и му успеало. Меѓутоа во тоа време за да обезбеди средства бил приморан да ја стави својата куќа под хипотека. Трошоците за снимањето на филмот од педвидените 250 илјади достигнале до 1,5 милиони долари што било огромен износ за филм во тоа време. snezana3 Познатата приказна за убавата Снежана која успеала да побегне од злобната маќеа и нашла свое прибежиште кај седумте џуџиња во куќичка во шумата, која била екранизирана од браќата Грим, за прв пат била проектирана во кино во 1938 година. „Снежана и седумте џуџиња“ е еден од двата анимирани филмови кој се најде на листата од 100 најдобри американски филмови на сите времиња во Американската филмска продукција во 1997 година, и беше поставен на 49 место. Во 1989 година филмот бил поставен во Националниот филмски регистар и оценет како дело од културно, историски и естетско значење.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка