СНОУДЕН: Америка активно се подготвува за Трета светска војна!
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2015 20:07
Едвард Сноуден во своите најнови публикации, кои ги објавил германски „Шпигел“, истакнува како САД активно работат на подготовките за евентуална Трета светска војна.
Според неговите информации, основна цел на американската влада е да се позиционира како глобален господар на интернетот, а во тие цели е покренат проект за развивање на тајна програма под името „Politerain“.
На овој проект е ангажирана „армија од информатички војници“ кои на располагање ги имаат најнапредната интернет технологија, а чија цел е да се реализираат таканраечените ТАО (Tailored Access Operations) напади, со помош на кои се во состојба да манипулираат да превземаат контрола над непријателските комјутери, како и да ги уништат.
Сноуден наведува како овој проект се спроведува веќе осум години и како за тоа време најверојатно се развиени повеќе стратегии - интернет војување.
Со помош на овој програм би било можно да се ограничат залихите на вода за пиење на непријателските цели, да им се укине екектрична енергија, а лесна мета на хакерските напади би биле и аеродромите.
Според објавените податоци, некои од најуспешните американски акции спроведени со помош на овој програм се креирање на вирусот „Stuxnet“ со помош на кој е парализиран иранксиот нуклеарен програм, како и креирање на вирусот „Регин“ со помош на кој американските сили успешно се инфилтрирале во компјутерската мрежа на германските власти, а за овој вирус се поврзува и скандалот околу шпијунирањето на Европската комисија.
„Шпигел“ пренесува како пет земји се вмешани во проектот контрола над интернетот. Таканаречената „Алијанса со пет очи“ ја сочинуваат САД, Канада, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд.
Освен тоа, Сноуден уште еднаш го сврте вниманието дека САД ги преслушкуваат повеќето меѓународно релевантни новинари, на електронските и печатени медуми и други средства за комуникација.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




