17 Декември, 2025
0.0439

Со европски фондови од Хрватска и Словенија – до повеќе азиски туристи во Македонија

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2013 10:36

Добивај вести на Viber

Македонија може да има големи придобивки од иницијативата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Иво Јосиповиќ. Станува збор за проектот за туристичка соработка кој што го предложи претседателот Иво Јосиповиќ, а веднаш го прифати и неговиот словенечки колега Борис Пахор. Имено, идејата на Јосиповиќ е двете земји со силни финансиски средства од фондовите на ЕУ координирано и решително да настапат на „трети пазари“, особено во Азија. Целта би била со разработен и ефикасен туристичко-промотивен модел да се привлекуваат туристи од Азија, кои сега се најпосакувани гости во регионот и на регионалната туристичка мапа, пишува Нова Македонија. Двајцата претседатели веднаш се согласиле дека во тој проект најдобар партнер би можела да им биде Македонија, не само како пријателска држава туку и како комплементарен туристички фактор со чии вредности проектот би бил уште поконкретен. Така според Јосиповиќ, туристите од Азија, кои сѐ помасовно заминуваат на одмор и туристички тури, всушност немаат јасна цел во која држава конкретно одат или би оделе, туку за нив единствено валидна и посакувана дестинација е „Европа“ како „Европа“. Други дистинкции тие не прават, вели тој, па токму поради тоа е битно Хрватска и Словенија, заедно со Македонија и моќните ЕУ-фондови, колку што е можно побрзо да ги насочат туристите од Азија токму на јадранскиот брег, односно на словенечките и на македонските планини и езера.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје