29 Јуни, 2024
0.0275

СО ФОТОГРАФИИ ОД ЗАТВОР ЛОГА ГИ УБЕДУВА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГО ИЗГЛАСААТ ЗАКОНОТ: Министерот не се откажува

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за правда, Кренар Лога, денеска на пратениците им достави албум со фотографии од затворот Идризово. 

Тој го искористи времето пред почетокот на денешната седница на која треба да се разгледува предлог Законот за амнестија, за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“. 

Со овој закон, како што стои во образложението, се уредува ослободување од извршување на казна затвор (амнестија) лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале или не започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во државава и лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривични закони на друга држава доколку сторителот е државјанин на Македонија и казната ја издржува во земјава врз основа на извршување на кривична пресуда на странски или меѓународен суд и истата е признаена со пресуда на надлежен суд во Македонија, согласно меѓународен договор ратификуван согласно Уставот. 

- Осудените лица од член 1 од овој закон на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, потполно се ослободуваат од издржување на казната. Осудените лица од член 1 од овој закон на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 отсто од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Осудените лица од член 1 од овој закон на кои со правосилна пресуда им е изречена единствена казна затвор, се ослободуваат од издржување на единствената казна затвор за 30 отсто во делот на претходно утврдените поединечни казни опфатени со амнестија. Доколку во единствената казна затвор е утврдена казна затвор за кривично дело кое не подлежи на амнестија, осудениот од член 1 од овој закон се ослободува од издржување на казната за 30 отсто само во делот на претходно утврдените поединечни казни опфатени со амнестија - се посочува во Предлог-законот за амнестија. 

Со него се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно да бидат амнестирани 996. Во моментот, 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 треба да влезат во затвор. За тие што чекаат ред за издржување на затворска казна, од Министерството наведуваат дека дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата. 

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори