25 Ноември, 2024
0.0634

Со израелски лек кој се вдишува излекувани заразени со коронавирусот

Објавено во: Свет, Корона Вирус 05 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Со нов израелски лек се излекувани 30 луѓе заразени со коронавирусот. 

Лекот се „бори“ против цитокинската бура, потенцијално претеран имун одговор на заразата со коронавирусот за која се верува дека е одговорна за повеќето смртни случаи.  Првата фаза од испитувањето за новиот лек за коронавирус успешно е завршена во Медицинскиот центар Ихилов во Тел Авив и се покажало дека тој придонел до брзо закрепнување на повеќе пациенти заболени со ковид-19, јавуваат израелските медиуми. Од болницата објавиле дека тоа е „огромен напредок“ бидејќи со „EXO-CD24“ супстанцата се лекувани 30 пациенти чија состојба била умерена до тешка и сите се излекувале, а 29 од нив во рок од три до пет дена. 

„Лекот се вдишува еднаш дневно до пет минути во рок од пет дена и е насочен на „центарот на бурата“, белите дробови“, изјавил професорот Надир Арбер.

Израел најавува крај на пандемијата во март. 

Израел покажа дека силната, брза програма за вакцинација против коронавирус може да има брзо и моќно влијание во скротување на вирусот, покажувајќи му на светот веродостоен излез од пандемијата, објави „ Њујорк тајмс“.

Случаите на Ковид-19 и хоспитализациите значително опаднале кај луѓето кои биле вакцинирани за само неколку недели, покажале новите студии во Израел. И раните податоци сугерираат дека вакцините работат во практика скоро исто како и во клиничките испитувања.

Во Израел над 5.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната