23 Декември, 2024
0.0329

СО КОЛКАВ ИМОТ СИ ЗАМИНУВА ОД ВЛАДАТА ГОРАН МИЛЕВСКИ – куќа, два стана..., еве и што друго има во неговиот анкетен лист

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Додека јавноста во земјава во моментов е преокупирана со Ристо Пенов, кој ќе седне во министерското столче за локална самоуправа и ќе ги менаџира владините релации со општините во земјава и со градските татковци, од позицијата некако нечујно си заминува Горан Милевски, кој покрај министерската функција, најави и напуштање на лидерската позиција во Либерално - демократската партија.

Владата завчера ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП - Горан Милевски.

Како што е познато, на 20 септември годинава Милевски поднесе оставка од функцијата, од, како што самиот тој информираше, лични причини.

Милевски на министерската позиција во Владата беше три години. Пред да ја напушти владината функција, доби и награда. Односно, по повод празникот на градот, денот на ослободувањето на Крива Паланка, со одлука на Советот на Општината, му беше доделена Плакета за посебни заслуги и придонес за развојот на тој град.

„Во мојот мандат од три години овозможивме да се реализираат проекти кои за нијанса ги подобрија условите за живот во Крива Паланка. Искрена благодарност до советниците и градоначалникот за ова признание“, напиша Милевски на фејсбук пред неколку дена.

Инаку, Милевски e член на Либерално-демократската партија од 1995 година, а од 2015 година ја извршува функцијата претседател на ЛДП. За министер за локална самоуправа беше избран на 27 јуни 2019 година.

Неодамна Централниот одбор на ЛДП го прифати предлогот на Извршниот одбор за стартување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата.

„Централниот одбор се заблагодари на досегашниот ангажман на Милевски, на успешното менаџирање со Министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата“, изјавија тогаш од ЛДП. Од партијата најавија и дека до Конгресот ќе се одржат уште две седници на Централниот одбор, со цел негова подготовка, а ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот.

Фактор, пак, се заинтересира со каков имот досегашниот министер Милевски ја напушта владината фотелја. Еве што покажува анкетниот лист на Милевски на веб страницата на Антикорупциската комисија.

Според тој анкетен лист, Милевски, како свој или како имот на родителите или на сопругата поседува една куќа, два стана, гаража, две моторни возила, акции, дивиденда, како и поголем број депозити во банки, а има и парични средства во банкарските институции. Да одиме со ред.

Милевски како имот на родители пријавил куќа во Битола од 75 метри квадратни, која е стекната со наследство во 2011 година. За оваа куќа Милевски во анкетниот лист навел дека чини 2,4 милиони денари или 39 илјади евра.

Исто така како имот на родители, досегашниот министер за локална самоуправа навел и уште два стана во Битола, кои се стекнати со договор за купопродажба. Едниот стан има 61 метар квадратен и е понов, од 2010 година, а неговата вредност е проценета на 2,8 милиони денари, што е рамно на 45 илјади евра. Додека, пак, другиот стан е постар и датира од 1978 година, а има површина од 52 метри квадратни. За овој стан во анкетниот лист е наведено дека вреди 2,3 милиони денари, односно близу 37 и пол илјади евра.

Како имот на родителите Милевски во Битола има и гаража од 17 метри квадратни, со проценет износ на околу пет илјади евра, а која е стекната преку купување.

Милевски поседува и две моторни возила и тоа стар Форд Ескорд под илјада евра, кој е имот на родители. Како негов личен имот пак е наведена поновата опел инсигниа, чија вредност е проценета на 12 и пол илјади евра.

Наведено како имот на родители Милевски има акции иако не се кажува во која фирма, на сосема мала вредносдт, а поседува и дивиденда од октомври 2020 година од околу 200 евра.

Горан Милевски и неговата сопруга имаат девизни депозити од по пет илјади евра во Комерцијална банка, а и тој и неговите родители имаат денарски депозити во Халк и во НЛБ Банка. Но, за разлика од депозитите кои не се големи, Милевски, родителите и сопругата имаат и извесни износи на парични средства.

Па така, како имот на брачниот другар се наведени парични средства од еден милион денари, или 16 илјади евра. Како имот на родители, пак, како парични средства се наведени 400 илјади денари или 6 и пол илјади евра, а како негов личен имот се наведени парични средства од 500 илјади денари, односно нешто над осум илјади евра. За сите овие парични средства е наведено дека се стекнати на друг начин.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

„НАМЕСТО 'СОЖИВОТ' НА ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ОПШТЕСТВО ИМ ТРЕБА СУШТИНА“: директорот Џафероски со остра забелешка за животот во Македонија

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата

ВО ДУИ СЕ ВОЗНЕМИРИЈА ОД ОЛИГАРСИТЕ, ПРАШУВААТ КОИ ОД НИВ ГИ ШТИТИ ОВАА ВЛАДА - деолигархизација била неопходна за демократизација во државата