05 Декември, 2025
0.1010

Со комбинирање на патен, железнички и речен транспорт до полесен пристап на европските пазари!

Објавено во: Економија 19 Декември, 2012 16:29

Добивај вести на Viber

Македонија е примена со статус набљудувач во Дунавската комисија во Будимпешта, со едногласна одлука на 11 држави членки. Како што изјави македонскиот амбасадор во Унгарија Дарко Ангелов во своето  обраќање пред членовите на Комисијата, расте интересот на македонските власти за трговска соработка со државите од Дунавскиот басен, преку користење комбиниран патен, железнички и речен транспорт за пристап до пазарите на државите членки и поширокиот европски пазар.

Преку Коридорот 10, Република Македонија остварува директна комуникација со пристаништата на реката Дунав и таа транспортна опција во иднина сé повеќе ќе добие на значење со комплетирањето и модернизацијата на преостанатите делници од автопатското и железничкото поврзување низ овој Паневропски коридор. Преку учеството во работата на Дунавската комисија, Македонија очекува да ја зголеми вклученоста во развојот на транспортните коридори поврзани со реката Дунав и ќе овозможи нови, алтернативни и економични транспортни опции за македонскиот извоз, стои во денешното соопштение.

Истакнувајќи го фактот дека во последно време значително е зголемен обемот на трговска размена со транспорт по реката Дунав, во комбинација со патните и железничките поврзувања, се вели уште и дека се повеќе компании се одлучуваат за оваа најевтина форма на транспорт преку користење на речните и каналските коридори во Европа.

Дунавската комисија е меѓувладина организација основана во 1948 година со мандат за регулирање на транспортот по реката Дунав и за приклучувањата кон поврзаните речни, каналски, патни и железнички коридори. Составена е од единаесет држави членки и осум држави-набљудувачи, со секретаријат во Будимпешта.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“