СО КОСОВСКИ ЗНАМИЊА ПОМИНУВАЛЕ НИЗ МИТРОВИЦА И ГИ ПРОВОЦИРАЛЕ СРБИТЕ: Полицијата уапси 11 луѓе
Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2025 21:05
Косовската полиција приведе 11 луѓе, затоа што со косовски знамиња поминувале низ Северна Митровица и ги провоцирале Србите.
Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, за Косово онлајн изјави дека косовската полиција привела вкупно 11 луѓе затоа што со автомобил влегле во Северна Митровица и со косовски знамиња и амблеми ги провоцирале граѓаните.
„Во текот на целиот ден, поради прославата на Денот на независноста, имавме случаи на луѓе кои беа вратени назад во јужниот дел на Митровица поради знамето на нивните автомобили или амблемот на Косово. Околу 15 часот три автомобили и избегале на полицијата и преминале во северниот дел на Митровица. Запревме автомобил и побаравме документи, но лицата во автомобилот одбија да ѝ дадат лични карти на полицијата, па беа приведени во полициската станица Северна Митровица. Сите се малолетни, сите четири момчиња од автомобилот, поради што сега ги чекаме родителите да дојдат да го земат автомобилот бидејќи немаат возачка дозвола. „Потоа запревме друг автомобил во кој беа седум лица, така што во врска со ова имаме вкупно 11 приведени“, рече Ељшани.
На прашањето дали полицијата реагирала откако граѓанин го пријавил случајот, Ељшани рече дека никој ништо не пријавил.
„Ги видовме автомобилите на камерите, а ги забележаа и полицајците кои беа на улица, по што ги запреа. Најверојатно ќе бидат ослободени. Во текот на денот ги одвраќаме луѓето кои се обидуваат да провоцираат со знамиња или амблеми. Сепак, овие три возила ја промашиле трагата, поради што биле запрени“, вели министерот.
Порача дека ако има нови провикации, луѓето да пријават во полиција.фото Косовоонлајн
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!
(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија





