25 Ноември, 2024
0.0268

Со ковидот и сиромаштијата ни тропа на врата

Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Откако почна пандемијата на коронавирусот, армија луѓе во земјава останаа без работа, а зголемен е и бројот на корисници на социјална помош.

Со ковидот и сиромаштијата ни тропа на врата. Во вакви околности лесно може да се изгуби работата, а потешко оди за пронаоѓање на нова работа. Ниту еден сектор не е поштеден од кризата. Откако вирусот почна да се шири во земјава, државата го олесни процесот за добивање на гарантирана минимална помош за граѓаните. Ова е една од мерките со која треба да се ублажи тешката финансиска состојба во која се најдоа домаќинствата.

„Владата на Република Северна Македонија во април 2020 година, донесе Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба, којашто овозможи олеснет пристап до правото на гарантирана минимална помош за лицата на кои им престанал работниот однос за време на пандемијата, пресметана од месец април до декември 2020 година. Со оглед дека состојбата со пандемијата Ковид-19 продолжи и во 2021 година, а со цел за обезбедување на полесен пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош во услови на вонредни околности, во 2020 беше донесен  Закон за дополнување на Законот за социјалната заштита.Од донесувањето на уредбата до декември 2020, бројот на корисици на гарантирана минимална помош е зголемен за 15 отсто. Согласно динамиката на поднесени барања и траењето на пандемијата во наредниот период, се очекува да бидат опфатени околу 5.000 нови домаќинства во 2021 година, додека проценетите фискални импликации за 2021 година се околу 10 милиони евра“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објаснуваат дека заклучно со 28 февруари годинава по основ на прилив од работен однос евидентирани се 18.266 невработени лица, за кои одјавата од задолжително социјално осигурување е во периодот по 11 март лани, односно во период на кризата предизвикана од  коронавирусот.

„Според основот на престанок на работниот однос  7.224 лица (39,5 отсто) се поради истек на определено време, 4.366 лица (23,9 отсто) се поради спогодбен престанок на работен однос, 2.517 лица (13,8 отсто) се поради отказ од страна на работникот, 1.502 лица (8,2 отсто) се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 1.266 лица (6,9 отсто) се поради отказ од работодавачот, 442 лица (2,4 отсто) се поради стечај – ликвидација, 209 лица (1,1 отсто) се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 740 лица (4,1 отсто) се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и слично“, додаваат од Агенцијата за вработување.

Според дејноста на работодавачот,  6.340 лица  (34,7 отсто) се од преработувачката индустрија, 3.545 лица (19,4 отсто) се од дејноста трговија на големо и трговија на мало, 1.433 лица (7,8 отсто) се од  дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 1.097 лица (6 отсто) се од дејноста градежништво, 994 лица (5,4 отсто) се од административни и помошни услужни дејности, 840 лица (4,6 отсто) се од дејноста транспорт и складирање и останатите  се прилив на невработени лица од работен однос од други дејности. И во светот многу експерти и организации предупредија дека сиромашните поради пандемијата ќе бидат уште посиромашни.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“