Со музика и многу гости Кнауф го прослави јубилејот – 25 години во Македонија
Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2019 15:23
Со музика и забава и со многу гости, деловни партнери од Северна Македонија и од регионот, но и од Германија и Русија, претставници на градежната фела, како и претставници на Владата, компанијата Кнауф го одбележа големиот јубилеј – 25 години работење.


Во овие две и пол децении, пренесувајќи го искуството и знаењето од германскиот гигант Кнауф и на наши простори, кој е водечки производител на материјали и системи за градба на глобално ниво и бренд кој претставува синоним за квалитет и иновативност, Кнауф во земјава прерасна во лидер во воведувањето новитети во градежништвото.
Како што истакна Тодор Деловски, регионален директор на Кнауф за регионот Исток-Југозапад во својот поздравен говор, Кнауф и во иднина ќе продолжи да биде авангарда која создава вредности во градежништвото - за денес и за иднината и истовремено доверлив партнер кој ги може да ја реализира секоја замисла на клиентите.
Во текот на неколкучасовното дружење, присутните можеа да уживаат во прекрасниот глас и изведба на Каролина Гочева и нејзиниот бенд. На крај, секој од гостите доби по парче селенит - прекрасен кристал којшто се вади од Кристалната пештера, од којшто Кнауф го произведува најценетиот материјал во градежништвото уште од времето на фараоните, преку антиката, па се до денес – гипсот.
комеријално соопштение
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





